hotel Skopje hotel Skopje

hotel SkopjeРесторанот Скопски Мерак е сместен во приземјето на хотелот Скопје, во најубавиот дел од Скопје, на улица Андон Дуков бр. 27 (Дебар Маало), веднаш спроти зоолшката градина, на само 200 метри од Америкнската Амбасада и на 10-15 минути пеш од центарот на градот. Тоа е мал и пријатен ресторан со капацитет од 50-55 особи во кој се служи Македонска традиционална храна, почнувајќи од чорби, без кои ниеден прав Скопјанец не го започнува денот, па до разни специјалитети на скара како и тави и готвени јадења по кои всушност е и препознатлива Македонската кујна. Дел од нашата понуда е и Медитеранска кујна кај што спаѓаат разни морски салати, тестенини и ризота припремени по оригинални медитерански рецептури, а особено сме горди на богатиот избор на на свежа морска риба која наоѓа се поголема примена во нашата кујна и во гурманските навики на нашите гости.

Инаку брендот СКОПСКИ МЕРАК постои веќе 16 години (доколку сакате да дознаете повеќе кликнете тука), пред колку години и влеговме во овој бизнис како млади и полни со елан и ентузијазам угостители решени да успеат и да доведат нови стандарди во угостителството. Тој ентузијазам не држи сеуште и додека е така ќе го ртаботиме ова што сме го работеле, а се надеваме дека и нашите деца ќе продолжат да работат и да го развиваат бизнисот.


[ погледнете 360 галерија ]

ИСКРЕНО ВАШИ,
ЉУПЧО, ЗЛАТКО и ТОНИ ГРУЕВСКИ

Политика на приватност Privacy Policy