ХОТЕЛ СКОПЈЕ е мал семеен хотел кој е правен и дизајниран специјално за таа намена. Сместен е во единствен трикатен објект и се наога во најубавиот дел од градот во Дебар Маало, веднаш спроти Зоолошката градина, 10 минути пеш до центарот на градот и пет минути до Владата на РМ. Веднаш спроти хотелот е Градскиот парк, на 100 метри оддалеченост има тениски терени, а на 500 метри оддалеченост са наога пливачкиот базен како и салата Борис Трајковски.